назад кон проекти
назад кон проекти

Хибриден систем со батерии 10 kWp

Семејна куќа во Битола со 10 kWp на кров и 15 kWh батериско складирање – струја и кога мрежата ќе падне, без агрегат и без бучава.

Хибриден соларен систем од 10 kWp со батерии на куќа во Битола
Локација

Битола

Тип на изведба

Хибриден систем со батериско складирање

Датум на завршување

Јули 2025

Монтер поставува соларен модул на кос кров под сончево небо
За проектот

Предизвикот

Семејството имаше чести и долги прекини на напојувањето во зимските месеци, а топлинската пумпа и бунарската пумпа мораа да останат во функција. Постоечкиот агрегат беше бучен и бараше постојано гориво.

Решението

Наместо класичен on-grid систем, поставивме хибриден инвертер со батериска банка и автоматско префрлање. При прекин на мрежата куќата преминува на батерии за помалку од 20 милисекунди – ниту еден уред не го регистрира прекинот.

  • 18 модула од 555 Wp на две кровни рамнини – источна и западна, за порамномерно производство во текот на денот
  • Хибриден инвертер од 10 kW со вградена UPS функција
  • LiFePO₄ батериска банка од 15 kWh со БМС и температурна заштита
  • Издвоен ормар за критични потрошувачи – греење, вода, замрзнувач, интернет и осветлување
  • Апликација за следење на производството, полнењето и потрошувачката од телефон

Резултатот

Од јули наваму сметката за струја е сведена на фиксниот дел, а батериите ја покриваат ноќната потрошувачка на домаќинството. Агрегатот е тргнат од дворот.

Карактеристики
Хибриден систем
10 kWp
15 kWh батерии
Семејна куќа
Монтер зашрафува фотонапонски модул на метална потконструкција
Фотонапонски модули на рамен кров со лежалка на сончев ден
други проекти

Погледнете што друго сме изградиле

сите проекти
сите проекти

Шемирање на разводни ормари за производствен погон

Главен ормар од 630 A и четири подразводни ормари со фреквентни регулатори, изработени по проект и испитани пред испорака.

Локација
Скопје
Тип на изведба
Шемирање, монтажа и пуштање во работа
Датум на завршување
Март 2025
Шемирање ормари
Главен ормар 630 A
Автоматика
Производствен погон
Шемирање на главен разводен ормар од 630 A за погон во Скопје

Земјена соларна централа 150 kWp

Најголемата централа што сме ја изградиле досега – 150 kWp на земја, со мониторинг по низа и трафостаничен приклучок.

Локација
Велес
Тип на изведба
Земјена конструкција, on-grid
Датум на завршување
Октомври 2024
Земјена централа
150 kWp
Агро сектор
Далечински мониторинг
Земјена соларна централа од 150 kWp кај фарма во Велес