Централа од 40 kWp на трапезен кров, поставена без ниту едно пробивање на хидроизолацијата. Покрива над 70% од дневната потрошувачка на погонот.

Најголемата централа што сме ја изградиле досега – 150 kWp на земја, со мониторинг по низа и трафостаничен приклучок.

Главен ормар од 630 A и четири подразводни ормари со фреквентни регулатори, изработени по проект и испитани пред испорака.

Соларни централи, хибридни системи со батерии, разводни ормари и електроинсталации – во станбени, индустриски и јавни објекти низ целата држава.
Инженери, електричари и монтери со лиценци и долгогодишно искуство – истиот тим што го проектира системот е тимот што го изведува и го одржува.
Управувавме со проекти во вкупна вредност над 1,2 милиони евра – од соларни системи за семејни куќи до централи од 150 kWp и комплетни електроинсталации.